[Видео] Американски студенти измислија звучен апарат за гасење оган

Пожарникарите би можеле наскоро да гаснат пожари со помош на бас звуци, ако новата направа на двајца американски студенти добие на популарност.

Viet Tran и Seth Robertson измислија нов вид апарат за гасење оган, кој наликува на нормален, но принципот на работа му е многу поинаков. Наместо компресиран канистер полн со хемикалии, апаратот на двајцата студенти работи на ниски звучни фреквенции. Тоа е практично звучник, кој генерира бас звуци, ги насочува кон огнот и го гасне.

На одреден начин, со ова се „издувува“ огнот, без воздушно струење, што е докажано добар начин да се гаснат пожари. Апаратот испушта едвај чујни звуци и работи без загадувањето и другите слабости на конвенционалните ПП-апарати.

Универзитетот George Mason во Вирџинија, каде студираат двајцата иноватори, сега ќе им помогне да го регистрираат изумот како формален патент, по што ќе можат да го понудат на некоја компанија. Противпожарниот апарат, кој би можел да има примена од кујните до вселенските експедиции, бил своевиден дипломски испит за двајцата студенти. Во иднина, тие се надеваат дека изумот би можел да се прикачува на дронови или други беспилотни летала, за со него да се гасат пожари во шуми или згради, каде постои голем ризик од човечки жртви.

Американската Агенција за напредни одбранбени истражувачки проекти (DARPA) пред неколку години се обидела да создаде противпожарен апарат, но со ограничен успех.