[Видео] Активистите од белградското кино „Ѕвезда“ собираат донации на „Kickstarter“

„Ново кино Ѕвезда“ е името на проектот со кој активистите, кои го окупираа белградското кино „Ѕвезда“ ноќта на 21 ноември, минатата година, собираат донации на една од најголемите платформи наменети за тоа – „Kickstarter“.

Тие го покренаа овој проект бидејќи на киното му се потребни средства за да ги извршува најосновните функции со цел да се развие во автентичен културен центар, се вели во описот на видеото.

Кино „Ѕвезда“ важи за едно од најстарите европски кина, а кое до неодамна заедно со уште 13 кино сали кои беа дел од „Белград филм“ било напуштено и речиси уништено. Пред повеќе од месец и половина, група студенти, активисти и филмски работници го окупираа киното со цел да помогнат во неговата обнова.

Тие направија и специјално анимирано кратко видео во кое повикуваат на поддршка за проектот.

Извор: kickstarter.com