Вибер воведува можност за видео повици

Последната,  петта верзија на апликацијата за размена на гласовни пораки преку интернет – Вибер понуди можност за видео повици, како и делење контакти по пат на QR кодови.

Вибер воведува можност за видео повици

Пред да стане дел од апликација, опцијата на видео повици преку паметните телефони беше во фаза на тестирање цели две години, а претходно беше имплементирана во „десктоп“ опцијата на Вибер.

Освен видео повикот, Вибер апликацијата за iOS и Андроид, како новина ги воведува QR кодови со кои можат да се споделуваат контакт податоци со другите корисници. До крајот на годинава се најавени уште три надоградувања кои помеѓу останатото ќе содржат и игри.

Извор: CNET