Viber воведе можност за бришење на пораки на телефоните на дописниците

Благодарение на последните измени на Viber апликацијата за Android и iPhone, сега може да се бришат и испратените пораки пред примачот да ги види.

Со други зборови, можете да ги избришете пораките кои сте ги пратиле директно од телефонот на примачот, доколку сте се предомислиле или згрешиле, или содржината е приватна.

Досега корисниците на Viber можеа да ги бришат пораките само на својот телефон.

Освен тоа, Viber има и нова quick reply можност за сите кои уреди кои имаат iOS 9 оперативен систем. Доколку некој ви прати порака на Viber, а не сте во можност да ја вратите веднаш, апликацијата ќе прати инстант порака веднаш после известувањето. Дополнително, може и да се праќаат документи на сите кои ја имаат последната верзија на апликацијата.

Извор: Neuro Gadget