Вело-матине во сабота во МКЦ

Младинскиот културен центар (МКЦ) во сабота, 27-ми мај, организира Вело-матине за сите љубители на велосипедот како превозно средство.

Настанот почнува од 12 часот, на платото на МКЦ со музички перформанс на Сецко.

„Ќе уживаме на терасата пред МКЦ во музичкиот перформанс од рокенрол легендата Сецко, малку невообичаен за него, оставаме да не’ изненади. Ќе слушнеме за битките со дождот и самиот себе на Сергеј при неговото патување со лежипед до Будимпешта, а исто така и за тоа како е да учествува на најголемата Критичната маса во Европа заедно со десетици илјади велосипедисти… И обајцата ќе ни кажат збор-два за нивната дружба со велосипедите… од интересни моменти од личното минато до желби кои ги имаат за едно идно Скопје“, најавуваат организаторите.

Настанот е поддржан и од На Точак, Критична маса – Скопје и ДоРеМи.