Трета Велигденска изложба на средношколците од „Лазар Личеноски“

Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ – Скопје приредува велигденска изложба која ќе се отвори во галеријата на училиштето во четврток, на 9 април.

На годинешното, трето издание на Велигденската изложба ќе бидат изложени велигденските јајца од порцелан ,керамика и гипс кои по повод престојниот празник ги изработија учениците.

Отворањето на изложбата е најавено во 19:30 часот.