„Вајбер“ воведе нова опција за корисниците

По „Инстаграм“ и „Вајбер“ воведува опција за автоматско бришење на фотографиите и видеата кои корисниците на социјалната мрежа си ги разменуваат.

Ова значи дека кога корисниците ќе направат фотографија или видео во рамки на „Вајбер“, треба да го одберат времето за кое разменетата содржина ќе биде избришана.

Оваа опција може да се најде на горниот десен, или долниот лев агол, а е прикажана со пречкртан часовник.

Може да изберете дали сакате содржината да биде избришана по една, три или седум секунди.

Опцијата ги воодушеви голем дел од корисниците на апликацијата.