В-Мејл – иновативен начин на кој се кодирале и испраќале писма во Втората светска војна

Накратко откако влегла во Втората светска војна, Армијата на САД открила дека пренесувањето на огромни количини на пошта до војниците преку море е голем предизвик, особено затоа што ограничениот превоз морале да го користат за оружје и медицинска опрема.

Решението го понудила британската пошта, а се вика Виктори Мејл, или накратко – В-мејл.

Услугата за која се користеле Кодак филмски ленти започнала со работа на 15 јуни 1942 година, и станала примарен метод на комуникација меѓу војниците на фронтот и нивните семејства дома.

В-мејлот се запишувал на хартија, потоа се фотографирал и се пренесувал на ролна микрофилм. Откако ќе ја стигнело својата дестинација, писмото било зголемувано повторно во димензија погодна за читање и печатено.

Секое писмо лесно се пренесувало, без цензорите да сфатат дека на филмот има информации, а на тој начин биле објаснувани и методите за шпионажа како невидливото масло и микропечатењето.

Со користење на В-мејл, 1600 писма биле собирани на една ролна филмска лета со големина на кутија за цигари. Околу 1000 килограми писма станувале 10, а 37 вреќи пошта станувале само една.

uploads2017315vmail_9

uploads2017315vmail_6

uploads2017315vmail_3

uploads2017315vmail_8

uploads2017315vmail_5

uploads2017315vmail_7

uploads2017315vmail_2

uploads2017315vmail_1