Уставен ја поништи одлуката за распуштање на Собранието

Уставниот суд денеска едногласно ја поништи одлуката за распуштање на Соб ранието на Република Македонија, откако минатата седмица прифати да ја разгледа Иницијативата поднесена од ДУИ кога беше донесена и времена мерка за запирање на сите изборни дејствија.

Веднаш по донесувањето на времената мерка, минатата седмица собранискиот спикер Трајко Вељаноски ги свика пратениците на седница на која експресно се изгласаа повеќе измени и дополнувања на закони, со кои беа одложени изборите од 5 јуни. На седницата исто така беа констатирани и оставките на министрите на СДСМ, со што на чело на МВР дојде Митко Чавков, а на Министерството за труд и социјална работа и политка се врати Диме Спасов.

Денешната одлука влегува во сила со објавувањето во службен весник, со што престанува да важи времената мерка и се стопираат сите активности за предвремените парламентарни избори.