Уште пет лица уапсени за обид за убиство на Зијадин Села на 27 април

Уште пет лица се приведени во проширување на истрагата за нападот врз пратеникот Зијадин Села во собраниските настани на 27-ми април, информираше Основното јавно обвинителство (ОЈО). Тие се теретат кривичното дело Убиство во обид сторено во соизвршителство,

„Петте лица, по барање на надлежен јавен обвинител се лишени  од слобода при вршење на претрес во нивните домови. Во текот на денот Обвинителството ќе презема дејствија за утврдување на факти и спрема останати лица“, стои дополнително во соопштението од ОЈО.

Претходно, на 10 мај, беа уапсени две лица за истиот инцидент, на кои судот им одреди притвор. Тие исто така се товарат за обид за убиство на лидерот на Алијансата на Албанците.