УСАИД водич кон социјалните медиуми за граѓанскиот сектор

Во чест на Денот на социјалните медиуми, УСАИД објави водич за користење на социјалните медиуми.

Публикацијата Социјални мрежи: Водич за засилување на граѓанското општество преку социјалните медиуми е изработена со цел да ги подучи невладините организации како да ги остварат своите комуникациски цели и успешно да им се обраќаат на своите публики преку социјалните медиуми.

УСАИД водич кон социјалните медиуми за граѓанскиот сектор

Водичот нуди преглед на добрите практики што се употребуваат кај социјалните медиуми за покренување важни теми и дебати на прашања од интерес за граѓанскиот сектор. Со оглед на фактот што социјалните медиуми брзо се менуваат, публикацијата не се концентрира кон индивидуална социјална платформа, туку наместо тоа, на НВО-ата им се нуди решение како да им пристапат на социјалните медиуми во целина без оглед која е платформата и како да ги постигнат своите програмски цели со користењето на овој медиум.

Направен е преглед на големите глобални платформи: Фејсбук, Твитер, Јутјуб и Гугл Плус, со совети како овие мрежи да се користат, а зафатени се и оние социјални мрежи кои имаат регионален опфат. Потоа, се нуди и преглед за користење на аналитичките алатки со цел да се измери успехот во користењето на социјалните медиуми, а наведени се и главните индикатори за перформанси, кои е неопходно да се анализираат.

Обрнато е внимание и на прашањата за безбедноста и приватноста, водичот има листа на онлајн алатки и ресурси, како и речник на речиси 90 термини кои се користат во сетот на социјалните медиуми.

Публикацијата од 85 страници е достапна во флипбук верзија, како и во ПДФ.

Извор