Уред кој се носи како моден додаток снима говор, а потоа го запишува на паметен телефон

Нов уред кој може да се носи како алка за глужд или брош, го снима гласот на оној кој го носи. Наречен е Senstone, а после успешната кампања на Kickstarter ќе почне да се произведува во поголем број наскоро.

Sunstone е дизајниран да ги забележува моменталните инспирации и значајни белешки кои оној кој го носи сака да ги запамети. Потоа, ги пренесува на паметниот телефон преку апликација.

Уредот е всушност привезок, кој може да се носи на глуждот, како и да се закачи како брош на облеката. За да се почне со снимање, уредот треба само да се чукне еднаш со прстот. Истата команда се користи и за прекин на снимањето.

Снимките автоматски се синхронизираат на апликацијата и се прикачуваат на „облакот“. Таму, работата ја „презема“ вештачка интелигенција, која ги конвертира снимките во текст, ги екстрахира клучните зборови и ги анализира шаблоните на говор.

Уредот ќе излезе во продажба во јули, а ќе може да складира 50 часа снимки во „облакот“, како и да транскрибира 300 едноминутни трансакции секој месец.