Урбано будење од 10 до 12 јуни со Скопје стрит фестивал

Од 10 до 12 јуни 2016 година, под отворено небо кај Градскиот парк, главниот град ќе ги здружи своите маала и ќе ги соедини младите во масовно урбано будење. Преку креативност, преку интеракција и преку музика низ двата дена на „Скопје стрит фестивал“ по четврти пат ќе се буди урбаниот пулс на градот. Фестивалот е во организација на здружението на граѓани за организирање на настани, Подиум Скопје.

Како и минатите години, на Скопје стрит фестивал ќе има шест стејџа: стрит бол, денс стејџ, графити стејџ, скејт/блејд/БМХ, игло работилници и музички стејџ. Директно од Холандија, за првпат ќе настапи DJ Propo’88 The Insomniac, кој ќе одржи и работилница во рамки на фестивалот. За првпат, на главниот музички подиум ќе настапи македонската диско-панк-рок формација The John, заедно со DJ Geto Rudi и DJ Slave.

Како дел од фестивалот, 10 уметници од Македонија ќе учествуваат на Red Bull Curates проектот. Тие во живо ќе создаваат уметнички дела на фрижидери, а по исцртувањето, во сабота, со почеток во 12 часот публиката ќе може да гласа за своето омилено дело. Прогласувањето на победниците е во недела попладне.

Програмата за четвртото издание на единствениот отворен фестивал за градење на улична култура Скопје стрит фестивал, може да ја проследете во продолжение: