Универзитетот во Нови Сад отвора катедра за дизајн на видео игри

Поради експанзијата на индустријата на видео игри, Академијата на уметности во Нови Сад ќе отвора нова студиска програма – дизајн на видео игри.

Областа која од година во година доживува сѐ поголема експанзија неодамна „експлодирала“ и во срцето на Војводина, каде веќе вработува неколку стотина млади креативци. Само во EIPIX entertainment на Мирко Топалски, некогашен студент на дизајн на звук на академијата, денес работат околу 300 млади уметници, дизајнери и програмери на игри ангажирани на голем број проекти за некои од водечките светски компании за производство на игри.

„Изработката на видео игри во светот, а и кај нас, ги надминува и приходите и капацитетите на филмската индустрија. Врз основа на тој факт, но и поради сѐ поизразената за дизајнери на игри во нашата околина, сфативме дека би било добро да преземеме чекори во правец на основање на посебна студиска програма посветена на дизајнот на видео игри. Студиите би ги опфатиле сите елементи на нивното креирање, од пишување на сценариото и режијата, до основните знаења за програмерските постапки“, објаснува деканот на АУНС, Синиша Бокан.

Првиот конкретен чекор кон втемелување на новата студиска програма ќе биде конференција за образование на кадрите во индустријата на видео игри на 27. февруари во Нови Сад, на која професори ќе одржат воведни предавања. Учество на сесиите најавиле и EIPIX entertainment, Mad Head Games, Datcroft Games и Panza Games, како и професорот Мирко Стојковиќ од Факултетот на драмски уметности во Белград, каде веќе десет години постои предметот Драматургија на видео игри.

„Основна цел на овој собир е да дојдеме до јасни контури за тоа како студирањето за гејминг индустријата би требало да изгледа за да ги добиеме врвните креативци кои таа ги бара. Со други зборови, мораме на време да размислуваме за тоа што ѝ е на таа индустрија потребно и во кој обем, на кога ќе се стекнат со диплома, нашите студенти да имаат комплетна проодност кон компаниите кои прозиведуваат видео игри“, вели Бокан.

Извор: B92