УНИЦЕФ ги повика гејмерите да помогнат со „копање“ на криптовалути за собирање на средства за сириските деца

УНИЦЕФ започна камања во обид да ги собере гејмерите од целиот свет и да ја обедини нивната компјутерска моќ за добра цел.

Во обид да се соберат средства за жртвите од војната во Сирија, УНИЦЕФ побара од гејмерите да ги вложат своите вештини и да помогнат на хуманитарниот фонд со „копање“ на криптовалути.

„За да учествувате во оваа операција, сè што треба да направите е да инсталирате Claymore, софтвер за копање”, пишува на веб-страницата на кампањата.

„Ќе можете да започнете или да престанете со копањето кога сакате, и да го генерирате Етериум (виртуелна валута) право во електронскиот паричник на УНИЦЕФ.”

Заинтересираните корисници можат да најдат информации како да започнат на следниот линк.

Досега, фондот собра 15 евра, и вклучени се само осум соработници, но проектот ќе трае уште 57 дена.

Нетизените (сајбер-граѓаните) кои сакаат да придонесат за оваа иницијатива, но немаат компјутерски ресурси за да го сторат тоа, може да чипуваат со директни донации. УНИЦЕФ ја објави адресата на својот паричник за донација на Етериум на официјалната веб-страница на кампањата.