Унгарскиот филм „On Body and Soul“ ја освои „Златната мечка“ на Берлинале

Филмот на унгарската режисерка Илдико Eниеди „On Body and Soul“ ја доби  главната награда „Златна мечка” на Берлинскиот филмски фестивал. Љубовната приказна освои уште три награди – на Екуменското жири, на Меѓународната федерација на медиумите и на весникот „Берлинер моргенпост”.

„Златна мечка” доби и режисерот и сценарист Диего Аран за краткометражниот филм „Малиот град” како најдобар во својата категорија.

Престижната награда „Алфред Бауер” ја доби полската режисерка Агнешка Холанд за филмот “Spoor“.

Финскиот режисер Аки Каурисмки ја освои „Сребрената мечка” за филмот  „The Other Side of Hope“.

Гран-при на жирито отиде кај режисерот Ален Гомиш со неговиот филм „Felicite“.

Актерот Георг Фридрих, ја одигра главната улога во фирма „Bright Nights“,  и ја однесе „Сребрената мечка” за најдобра машка улога.

Истата награда, но за главна женска улога ја освои јужнокорејската актерка Ким Мин ХИ во филмот „On the Beach at Night Alone” на режисерот Хон Сан Су.

Престижната сребрена награда за најдобро сценарио добија Себастијан Лелио и Гонзало Маца поради текстот на филмот  „Una Mujer Fanatastica“.