Уметник ги засрами туристите кои правеле „селфи“ во Меморијален центар за холокауст

Израелскиот уметник Шахак Шапир неодамна го претстави својот најнов проект насловен „Јолокауст“, кој има за цел да ги засрами туристите кои правеле „селфи“ во Меморијалната куќа на холокаустот во Берлин. Тоа е место каде се оддава почит на илјадници луѓе кои починале за време на Втората светска војна, oсобено оние кои починале во концентрационите логори низ Европа.

„Во изминативе години, забележав интересен феномен во Меморијалната куќа на холокаустот: луѓето ја користеја како кадар за селфија. Па така, ги зедов тие селфија и ги комбинирав со фотографии од нацистичките кампови“.

Фотографиите се преземени од социјалните мрежи како Фејсбук, Инстаграм, Тиндер. Шапир дури ги повикува луѓето доколку забележат дека некој има таква фотографија, да му ја испрати на мејл, за да ја видоизмени.