Улична уметност видлива само кога врне

Како нова модерна верзија на невидливо мастило, „хидрофобните“ премази можат да се користат за создавање на „скриена“ улична уметност, која ќе остане невидлива се додека не се намокри. Peregrine Chuch, уличен уметник од Сиетл, создава уметност наречена „Rainwork “ преку овие премази кои веќе се користат во Германија, но за борба против уринирањето на јавни места.

Chuch, создава уметнички дела спонтано, бидејќи градските власти потврдиле дека тоа што го прави тој е легално- бојадисувањето не е токсично, делата не рекламираат ништо и не се постојани. Тој вели дека во зависност од тоа колку се користи тротоарот, делата можат да траат од 4 месеци до 1 година, но дека најживописни се во првите неколку недели од нанесувањето.

Неговите дела се различни, од уметнички цртежи кои забавуваат , па се до игри кои можат да се играат кога времето е врнежливо.

Извор:Bored Panda