УКИМ: Во понеделник вонредна седница за случувањата околу изборот на студентски лидер

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје денеска преку соопштение изрази загриженост за случувањата околу изборот на нов студенски лидер.

Во соопштението испратено од ректорот во заминување Велимир Стојковски се наведува дека в понеденик во 8 часот е закажана вонредна седница на Ректорската управа, а од Студентскиот парламент се бара итно детално објаснување за сите околности и случувања поврзани со студентските избори.

„Длабоко сум загрижен од информациите кои беа објавени во медиумите за случувањата состудентските избори, кои беа под секое достоинство, како и употреба на полициски сили со оклопни возила во академски студентски избори. Поради тоа, упатувам апел до сите студенти, членови на СПУКМ, членови на Студентскиот пленум, членови на студентски иницијативи и други форми на организирање на студентите, за воздржаност од било какви активности коидополнително би ја усложниле ситуацијата, што би можело да доведе до сериозни последици од повеќе аспекти“, вели Стојковски во соопштението испратено до јавноста.

За денеска Студентски пленум најави протест пред седиштето на Студентскиот парламент, во 19 часот.