Училиштата во Кичево ќе добијат 60 тони нафта

Владата одлучи да им бидат отстапени 60 тони нафта од државните резерви на училиштата во Општина Кичево, од кои 50 ќе бидат наменети за греење, а 10 за превоз на ученици, пренесе Радио Слободна Европа.

Нафтата ќе биде доволна за до крајот на месец јануари, а општината треба да почне постапка од февруари да обезбедува нафта за своите потреби.

Основните училишта „Кузман Јосифоски-Питу“ и „Владимир Полежиноски“ со околу 1.200 ученици имаат блокирани сметки и не можат да набават нафта за греење. Учениците во овие училишта подолг период не посетуваат настава бидејќи немаат греење.

Извор: РСЕ