Учениците од скопското средно училиште „Лазар Танев“ меѓу најдобрите во Европа

Учениците од скопското средно угостителско-туристичко училиште „Лазар Танев“, постигнаа голем успех на два натпревари што се одржаа изминатата недела во Болоња. Тие освоија четврто место на натпреварот за бармени, од вкупно 78 натпреварувачи од 17 земји од Европа, и петто место на ено-гастрономскиот натпревар од вкупно 42 штандови од Италија и 16 други земји од Европа.

Ученикот Христијан Николовски го освои четвртото место на натпреварот за бармени во Болоња-Италија во најсилна конкуренција до 19 години со својот коктел.

Штандот на училиштето, пак, беше рангирано на високото петто место, од страна на жирито на ено-гастрономскиот натпревар, а македонската традиција, култура и ено-гастрономија беше претставена пред над 30 000 посетители во Болоња.