Ученички од Кочани наградени на поетски фестивал во Сремска Митровица

На меѓународниот фестивал на поезија кој се одржа по седми пат во Сремска Митровица, Република Србија, три ученички од Основното училиште „Никола Карев“ добија награди за поетски творби. Наградени се Наде Ефремова, Сандра Наунова и Ели Донева.
Денеска претседателот на жирито на овој  меѓународен поетски фестивал  им ги врачи наградите.
„Се радувам што годинава на овој меѓународен фестивал на поезијата учествуваа и ученици од Кочани од ОУ „Никола Карев“ заедно со нивните ментори Љупка Стојменова и Гордана Јефтимова. Ннаградените ученици наградите ги добија за литературни творби кои жирито ги оцени како мошне успешни“, истакна Недељко Терзиќ, претстедател на жирито.
Инаку на годинешниот седми по ред Мегународен поетски фестивал „Машта и снови“ во Сремска Митровица  учествуваа млади творци од 12 земји од светот