Учебници ги учат младите на „баци рака“

Учебници ги учат осмооделенците на послушност и како да се откажат од своите слободи. Според учебникот за Граѓанско образование за VIII одделение, лојалните граѓани во едно општество секогаш се подготвени да следат правила, па дури и по цена да мора да се откажат од некои слободи.

Учебник: Лојалните граѓани следат правила и по цена да се откажат од своите слободи

„Лојалните граѓани, вообичаено се добри и одговорни работници. Работат вредно и своите вештини и способности ги користат на продуктивен начин. За својата благосостојба се заслужни самите и не се на грбот на општеството. Лојалните граѓани ги почитуваат оние кои кои се на власт во општеството. Тие секогаш се подготвени да ги следат правилата и прописите во општеството и по цена да мораат да се откажат од своите слободи. За нив е подобро да се живее во безбедна и заштитена средина во која се одржува редот, отколку во општеството во кое луѓето имаат чувство дека секој прави што сака“, гласат лекциите од овој учебник.

Учебникот, особено во првите страници изобилува со разни илустрации кои ги учат младите на покорност, како на пример, дека бакнувањето рака на повозрасните е израз на почит кон авторитет.

Учебници ги учат младите на „баци рака“

„Кога покорувањето на моќта е прифатена, за таа моќ велиме дека прераснала во власт. Власта претставува облик на моќ која е прифатена како оправдана“, се вели во делот за објаснувањата за власта. Сликите ја претставуваат власта како огромен и силен моќник, додека граѓаните изгледаат како мали и немоќни пиони.

Учебник: Лојалните граѓани следат правила и по цена да се откажат од своите слободи

Низ текстовите може да се забележат и интересни карикатури како спринт трка помеѓу двајца припадници на најголемите политички партии ВМРО- ДПМНЕ И СДСМ, како и камион со натоварени гласачи кои поминуваат на царина.

Учебник: Лојалните граѓани следат правила и по цена да се откажат од своите слободи

Учебник: Лојалните граѓани следат правила и по цена да се откажат од своите слободи

Многуте грешки и нелогичности во учебниците повеќе пати во последните неколку години ја вознемирија јавноста. Смешни дефиниции, погрешни равенки, слаб квалитет, како и содржини кои не соодветствуваат на возраста на децата, се само дел од проблемите со кои се соочуваат учениците, наставниците но и родителите. Проектот на Владата со кој на основците и средношколците им беа доделени околу четири милиони книги, државата ја чинеше најмалку една милијарда денари.

К.О.