Twitter деактивираше 125 илјади профили поради промоција на тероризмот

Twitter во петокот објави нови детали за обидите да се бори со ИСИС и насилниот екстремизам на интернет.

Во „твит“ од @Policy тимот на компанијата, објавија дека од средината на 2015 година суспендирале 125000 профили поради закани или промоција на терористичките напади, најчесто со поддршка за ИСИС.

Ова е прв пат Twitter да го објави бројот на активности поврзани со тероризам на платформата. Во извештај на Brookings Institution беше објавено дека е проценето дека најмалку 46000 профили на Twitter ги користат поддржувачи на ИСИС. Новата бројка покажува дека или бројката на терористи на ИСИС или драстично се зголемила во изминатата година, или Twitter станал поефективен во идентификување на терористичките профили.

Компанијата објави и дека го зголемила бројот на тимови кои ги разгледуваат пријавувањата на терористичка активност на Twitter, и го намалиле временскиот период кој им е потребен за да одговорат на тие пријави.

„Веќе гледаме резултати, меѓу кои и зголемен број на суспендирања на профили и намалување на ваквата активност на Twitter“, објавиле од компанијата.