„Твитовите“ отсега може да се пребаруваат по локации

Твитер воведе нова алатка за прецизна локација на твитовите, па сега некои од корисниците можат да гледат од каде твитовите биле испратени, без да се отворат за детален преглед.

Алатката овозможува корисниците да ги обележат твитовите со одредена локација, слично како можноста за „check-in“ на Фејсбук.

Доколку се кликне на локацијата, ќе се појави ново прозорче со мапа, која прикажува твитови кои биле испратени од таму.

Новата алатка може да помогне да се развие Moments, која користи податоци од одредена локација за да создаде „ѕид“ со твитови за конкретен настан, пишува Mashable.

Исто така, може да се пребарува низ хаштагови за да се видат твитови од луѓе кои се всушност на место каде се случуваат новости, наместо да се пребарува низ сите твитови од луѓе кои немаат оригинални вести.