Турскиот суд го блокираше првиот официјален сајт на атеисти

За помалку од една година откако беше создаден, турскиот суд го блокираше пристапот до првиот официјален сајт за атеизам во Турција. Асоцијацијата на атеисти, која е прва од ваков вид во земјата со муслиманско мнозинство, беше официјално основана во Кадикој, во април 2014 година. Граѓанскиот суд во Анкара,  на 3 март донесе одлука за блокирање на веб-страницата на здружението, а само еден ден подоцна турските интернет корисници веќе не можеа да пристапат на www.ateizmdernegi.org, јавува „HurriyetDailyNews“.

Според одлуката на судот кој го цитира членот 216 од турскиот кривичен закон, веб страницата е „навреда за верските вредности“.

Асоцијцијата на атеисти пак преку соопштение упати остри критики кон судот и одлуката.

„Пред три месеци, Европската вселенска агенција успеа да го донесе Филе на комета шитока 1 километар и наречена 67P, која има брзина од 135,00p км. на час, по 3907 денови патување на локација оддалечена 500 милиони километри. Во меѓувреме, судовите во Турција се уште се зафатени со блокирање веб-страници и тужби“, се наведува во реакцијата на Асоцијацијата.

Тие исто така ја опишаа одлуката на судот како „историски пример на поистоветување на законодавната, извршната и судската власт во една рака”.

Здружението неодамна издаде соопштение во кое посочува дека страницата е официјално призната од страна на Европската Унија и дека се поканети од страна на универзитети да зборуваат на нивните настани. Морган Елизабет Романо, заменик-претседател на здружението, истакна дека членот 216 сериозно и наштетува на слободата на изразувањето во Турција.

Во минатогодишното интервју за дневниот весник Агос, основачите на Асоцијацијата, рекоа дека треба да има правна подршка за лицата кои се соочуваат со проблеми бидејќи се атеисти.

Само три недели по нејзиното основање, здружението мораше да се инсталира „копче за паника“, кое е директно поврзано со полицијата во близина на центарот со седиште во Истанбул, поради смртни закани.

Во минатото, турската влада или судовите го блокирааше пристапот до голем број популарни веб-страници, вклучително и YouTube и Твитер. Повеќе од 66.000 веб-сајтови се уште се блокирани во Турција.