Турската полиција со водени топови растури геј парада во Истанбул

Иако геј парадата во Истанбул 13 години по ред се одржуваше мирно, вчера парадата беше прекината од полицијата која прскаше солзавец и гумени куршуми на илјадници луѓе кои присуствуваа на маршот, пренесе CNN.

Едно видео покажува како еден демонстрант е кренат на нозе од силата на водените топови.

Организаторите на маршот соопштија дека власта одненадеж, без никаква најава, го забранила маршот, поради муслиманскиот свет месец на Рамадан.

Дел од луѓето продолжија да маршираат во споредните улици, додека припадници на специјалната полиција бркаа други учесници по артериите на главната комерцијална област во Таксим во Истанбул.

На една од фотографиите се гледа како пратеници од Републиканската партија и Народната демократска парија со жива ограда ги заштитуваа учесниците на парадата од полицијата.

Турска полиција со водени топови растури геј парада во Истанбул

Друга фотографија пак, која се шири на социјалните мрежи покажува виножито кое полицијата несакајќи го предизвикала со водените топови.

Турска полиција со водени топови растури геј парада во Истанбул

Активистите велат дека тие не се таргетирани само поради нивната сексуална ориентација и борба за еднаквост, туку затоа што турската влада сака да ги замолчи сите малцинства и сите претставници кои се гледаат како закана за конзервативната владеачка Партија на правдата и развојот на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Партијата на Ердоган на последните избори не успеа да обезбеди доволно гласови за едно-партиско владеење.

Според CNN, растурањето на геј парадата од страна на полицијата е обид на Ердоган да се додвори на неговата конзервативна база.

„Ова се случува по изборите, бидејќи тие ја сфаќаат моќта на ЛГБТИ движењето”, смета транс активистот Рузгар Буски. „Владата на Ердоган ја губи својата моќ и тие знаат дека ЛГБТИ заедницата стои заедно со другите малцинства”, додава тој.

ЛГБТИ заедницата беше инструментална во поддршка на протестите во Гези парк, кои се одржа во 2013 година против владејачката партија на Ердоган.

Извор: CNN