Тројца доктори на науки од Штипскиот универзитет ќе почнат штрајк со глад

Тројца професори од Економскиот факултет при штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, кои тврдат дека незаконски се избркани од работа, од утре во 15 часот почнуваат штрајк со глад, ако не бидат исполнети нивните барања, објави Фокус магазин.

Тројца доктори на науки од Штипскиот универзитет ќе почнат штрајк со глад

Тие бараат итно да се постапи согласно предлозите дадени од Рефератите на Рецензентските извештаи и разрешување на Деканот на факултетот, Ристо Фотов поради нарушување на законитоста.

Сите тројца, доктори на науки, Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски тврдат дека, доколку до петок не се решат нивните барања ќе почнат со штрајк, што ќе се случува првпат во земјава, универзитетски професори да штрајкуваат со глад.

Целата приказна почнува со прекршувањето на нивните права утврдени со законските прописи кои го регулираат изборот и професионалното унапредување на универзитетските професори, пишува Фокус. Професорот Крсте Шајноски вели дека целиот проблем почнал откако тој и неговиот колега Костадиновски застанале зад нивната колешка Маргарита Матлиеска.

– Таа требаше да биде избрана пред шест месеци. Имаше низа пропусти и сето тоа беше незаконски спроведено. Ние баравме целата постапка да се врати од почеток. Тоа што застанавме зад правдината е гревот кој сега го плаќаме – тврди Шајноски.

Според нив, во законски утврден рок е распишан конкурс за избор во повисоко звање, на кој се пријавиле сите тројца. Наставно- научниот совет формирал рецензентска комисија која го доставила извештајот со позитивно произнесување за сите тројца.

Прочитајте ја целата сторија за најавениот штрајк на професорите на веб сајтот на магазинот Фокус.