Трибина, женски базар, музика и филм денеска во кампот пред Влада

Граѓанската и натпартиска коалиција „Граѓаните за Македонија” ја објави програмата за вториот ден по вчерашниот масовен протест пред Влада.

Утрото започна со средување, чистење и организирање на кампот, поткрепено со музика. Од 13:30 часот е предвидено да се одржи женски базар, но и рекреација и спорт за присутните. Во периодот од 18:30 и 19:30 часот ќе има трибина со повеќе говорници, меѓу кои политичарката Радмила Шекеринска, новинарот Мухамед Зекири, уметницата Инес Ефремова и историчарот на уметност Бојан Иванов.

 До 22:30 часот ќе настапуваат музичари на поставената бина, за на крај да има проекција на филмот „Животот е убав” на режисерот и актер Роберто Бенини.

Граѓаните се одлучни во тоа дека остануваат пред Владата до дефинитивниот пад, односно до оставка на Груевски и до формирање на преодна влада.