Трибина за состојбата со македонската литература за деца и млади

Трибина посветена на македонската литература за деца и млади денеска ќе се одржи на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА-Скопје-Париз-Есен-Ротердам.

На трибината, која ќе ја води Христо Петрески, свои излагања ќе имаат Раде Силјан, Мито Спасевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Виолета Димова, Елизабета Ралповска, Трајче Кацаров, Ели Маказлиева и други писатели.

Ќе се разговара за состојбата со македонската литература за деца и млади, за темите и мотивите, поврзаноста со уметноста, творечката и креативна обнова, фестивалите и манифестациите, недоволната критичка мисла, афирмацијата и презентацијата.

Трибината ја организираат Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата „Македонија презент“ од Скопје.