Три недели изложба на ОСТЕН дигитални карикатури

Во наредниве  три недели, во галерија ОСТЕН ќе бидат изложени избор од пристигнатите дигитални карикатури на 43-та, 44-та и 45-та Светска галерија на карикатури Скопје 2014.

 Во периодот од 6 – 13.3.2015 ќе бидат изложени карикатури од 43. Светска галерија на карикатури Скопје 2014, тематски конкурс за дигитални карикатури на тема “Лето”, кои ги одбра Мирослав Георгиевски Миро, Македонија (карикатурист), а награден карикатурист е Рос Томсон од Обединетото кралство.

 „Топло препорачуваме во овие доцни зимски денови да не посетите и да ги погледнете дигиталните карикатури од интернационални карикатуристи на тема “Лето”“, велат организаторите.

 Галеријата ОСТЕН оваа година прославува 70 години од неговото постоење, додека минатата 2014 беше 45 години од одржувањето на првата Светска галерија на карикатури.