Три дена „Astibo Jazz Festival“ во Штип

Концерти, работилница и тркалезна маса за џез музиката во Македонија се само дел од активностите на годинешното издание на штипскиот „Астибо џез фестивал“ кој ќе се одржи на 28, 29 и 30 септември во Домот на млади – Штип.

Во понеделник, на 28 септември, напладне е најавена работилница со Тони Китановски. Вечерта, во 21:30 часот ќе настапи Open Jazz Quartet (Љ.Русев, Ј.Јаневски, Г.Алич. П.Ангелов), по што следи настапот на Емин Џијан Трио (Е.Џијан, О.Јосифовски, Г.Стевковски).

Во вторник е најавен настапот на Total Gym (Џ.Максимовски, Д.Милосавлевиќ, В.Дробитски, В.Бојаџиски) и Дамир Имери Трио (Д.Имери, А.Имери, Б.Антовски).

Во среда пак, во 13 часот ќе се организира Тркалезна маса на тема: Џез музиката во Македонија. Фестивалот ќе биде затворен со концерт на Фолтин.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и Американската Амбасада во Р.Македонија. Влезот е бесплатен.