Трето издание на Македонскиот електронски фестивал на 8 ноември во МКЦ

Во сабота, на 8 ноември, ќе се одржи третото издание на Македонскиот електронски фестивал, во организација на промотерската куќa Digital Dance.

Според организаторите, ова ќе биде „еден сосема посебен и ексклузивен настан наменет за вистинските уживатели на квалитетна електронска музика“. 

Трето издание на Македонскиот електронски фестивал на 8 ноември

„По двата настани во Музејот на современа уметност, дојде ред и по третпат да се собереме и уживаме заедно со нашите домашни артисти. Овоj пат настанот ќе се случи во Младинскиот културен центар. Нам ни е јасно дека во последните десет години во Македонија голем број на диџеи и продуценти со својата работа достигнаа врвен светски квалитет.
Почитувајќи ја нивната работа организираме евент за и вие да се уверите во нивната вредност.На три сцени со различен стил на музика и 30 DJ настапи и изведби во живо.

Билетите се во претпродажба по цена од 200 ден во Пола Југотон и мрежата kupikartizase.com.