Трета акција „В џеб, ако нема каде друго!“ на Водно

Во организација на Движењето ЛЕАД, денеска група млади луѓе спроведија акција за чистење на Водно од отпадоци.
Акцијата која е трета  по ред, во рамките на проектот „В џеб, ако нема каде друго!“, започна утрово во 10 часот од Средно Водно.
Проектот е поддржан од програмата Цивика Мобилитас на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), и од Секторот за зачувување на животната средина на Град Скопје.