Трансполови студенти во САД добија право да користат јавни тоалети според полот по кој се идентификуваат

Трансполови студенти во САД добија право да користат јавни тоалети според полот по кој се идентификуваат

Универзитетот на Северна Каролина мора да им дозволи на трансполовите студенти и персонал да ги користат тоалетите кои се совпаѓаат со нивниот полов идентитет, одлучи судија.

Државен закон кој беше усвоен во март бара од трансполовите лица да ги користат тоалетите кои одговараат на полот запишан во нивните изводи од книгата на родени.

Пресудата доведе до бојкотирање на настани и договори од страна на спортски тимови, големи компании и изведувачи.

За целосниот случај со кој би требало да се смени овој закон треба да се пресуди во ноември.

Судијата Томас Шредер од локалниот суд во Северна Каролина вели дека мерката за користење на тоалети го прекршува федералниот закон и привремено го спречил универзитетот да го применува федералното право.

Еден од тројцата тужители е студентот Хоакин Каркано од Универзитетот на Северна Каролина.

„Денес, тешкотијата која ја чувствував во моите гради секој ден се намали. Но, борбата не е завршена – нема да се откажеме додека овој дискриминаторен закон не е поразен“, вели Каркано.

Законодавците во неколку други американскидржави предложија слична легислатива. Некои сметаат дека со овозможување на трансполовите лица да ги користат тоалетите кои им им одговараат, ќе доведе до напади врз жени и деца.

Според нив, „предаторски мажи“ можат да се преправаат дека се трансполови лица и да ги користат новите закони како „маска“.