Традиционален алпинистички собир на Матка на 7 и 8 мај

Македонската алпинистичка федерација организира традиционален алпинистички собир на Матка, „Македонски алпинистички великани“, кој оваа година ќе се одржи на 7 и 8 мај.

Ова е еден од најважните собири за алпинистичката заедница во нашата земја, кој традиционално, со децении наназад се организира за време на вториот викенд од месец мај и кој ги привлекува алпинистите од сите алпинистички клубови од Р. Македонија, на задничко дружење и искачувања на алпинистичките насоки во овој локалитет.

За време на собирот, како и сите години претходно, ќе биде организиран и „Отворен ден со македонските алпинисти“, за време на кој сите заинтересирани, под менторство на искусни членови на Македонската алпинистичка федерација, ќе можат да се запознаат со основната опрема која македонските алпинисти ја користат за време на искачувањата, но и да направат искачување на соодветни насоки во овој локалитет.

Повеќе информации може да се најдат на ФБ групата или на е-маил: contact@macf.mk.