Тони Михајловски е нов уметнички директор на МНТ

Актерот Тони Михајловски од денеска е назначен за уметнички директор на Македонскиот народен театар.

Тој доаѓа на оваа функција на местото на Дејан Пројковски, кој пред еден месец беше поставен за директор на нашата најголема и најстара национална театарска институција.

Тони Михајловски, кој во МНТ работи од 1994 година, за првпат доаѓа на една раководна функција.