Тинејџер ја реши Рубиковата коцка за помалку од пет секунди, поставувајќи нов рекорд

Асоцијацијата World Cube потврди дека Lucas Etter, кој има 14 години, го срушил рекордот за најбрзо решавање на Рубиковата коцка, односно успеал да ја реши за само 4,9 секунди.

Тинејџерот ја решил коцката за само 0,35 секунди помалку од претходното рекордно време.

Etter учествувал на натпреварот River Hill Fall во Кларксвил, Мериленд во саботата.

Претходниот рекорд го држеше друг тинејџер, Collin Burns, кој успеа да остане на оваа позиција седум месеци. Во април тој го постави тогашниот рекорд од 5,25 секунди, на натпревар во Долиспринг. Истиот тој ден, минути пред Burns, рекордот го срушил Keaton Ellis, кој ја решил коцката за 5.9 секунди.

Натпреварувачите во брзо решавање на Рубикова коцка имаат 15 секунди да ја разгледаат коцката, пред да се обидат да ја решат. Времето на решавање се пресметува со StackMat Timer.

Извор: Guardian