TIME.MK ги врати сите извори

Аудио, Вести, Граѓани, Комуникации.НЕТ, Подкасти, 16 февруари 2012.

Дали завршува сагата околу повлекувањето на дел од медиумите на агрегаторот за вести TIME.MK ?

Да потсетиме дека целата прашина започна откако Канал 5, Сител и Нетпрес се повлекоа од агрегаторот за вести TIME.MK поради комерцијални причини.

Прв со став околу повлекувањето излезе медиумската куќа Канал 5:

- Тиме.мк користи содржина без дозвола и заработува од неа, додека медиумите не добиваат ништо.“, вели директорот на Канал 5, Иван Мирчевски. „Што се однесува до посетите, Канал5.com.mk сега е попосетен сајт.“

Обидот на интернет сајтот IT.COM.MK  да ги контактира Сител и Нетпрес заврши со молчење од страна на дватта медиума.

Сепак на интернет форумите започнаа шпекулациите околу повлекувањето на овие медиуми од агрегаторот. Од тоа дека поради кршење на авторските права, обидот на владеачката партија да го купи агрегаторот, но поради неуспешниот обид вака враќа, па се до начинот на кој се селектираат истите вести.

Во вчерашниот подкаст на екипата од Комуникации.НЕТ во живо се дискутираше со основачот на TIME.MK , Игор Трајковски. Дарко Булдиоски, Мите Кузевски и Сеад Џигал преку скајп вклучување дискутираа на оваа тема. Во дискусијата исто така се вклучи и твитер заедницата преку хаштагот  #timemk

Во текот на емисијата, а потоа и преку својот твитер акаунт, Игор Трајковски објави дека агрегаторот повторно ќе биде комплетен со сите извори, користејќи само наслови и линк до веста повикувајќи се на правото за слободно референцирање на извори.

Во прилог емисијата на екипата на Комуникации.НЕТ , за која покасно на својот медиа блог објавија дека дискусијата која се водела во емисијата не ја сметаат за завршена.

На почетокот Игор појасни како функционира TIME.MK потоа зборуваме за правните аспекти (иако не сме правници :) , бизнис логиките и се разбира улогата на политиката во развојот на локалната медиумска сцена. – напишаа на блогот на Комуникации.НЕТ

Komunikacii.NET #timemk by Radio Mof on Mixcloud

За самиот крај, во прилог и соопштението кое излезе од Игор Трајковски со наслов „Линковите се јавна сопственост“

Оставете Коментар


Слушај со Windows Media Player Слушај со Winamp Слушај со BSplayer Слушај со Foobar




Кликнете на портокаловото копче за слушање. Алтернативно - слушајте Радио МОФ со некој од плеерите погоре.

Биди дел од Радио МОФ, закачи се:

Слушајте на Радио МОФ!

01:00 – 07:00 Ноќна програма

07:00 – 08:00 Ambient

08:00 – 10:00 Lounge Chill

10:00 – 12:00 Утринска програма на Радио МОФ

12:00 – 12:15  Diversity Media Production (вести)

12:15 – 13:00 STR8out (Програмска емисија)

13:00 – 15:00 The kids are alright – Радио хитови

15:00 – 17:00 Urban Beats

17:00 – 18:00 After Work

18:00 – 19:00 AIESEC In The Air (Програмска емисија)

19:00 – 21:00 W00b W00b

21:00 – 23:00 A Bunch of Stuff (Музичка емисија)

23:00 – 00:00 Beat Makes Sense (Музичка емисија)



Биди ни пријател

Следи не на Twitter

Фотографии

Радио Слободна Европа