The Unity Show

Во среда 30 декември со почеток во 14ч започнува со емитување нова емисија на Радио МОФ – Тhe Unity Show.

The Unity Show е 25 минутна емисија на англиски јазик, во која водители се студенти од три земји од бившите ЈУ простори и која таргетира млада публика.

Емисијата е настаната како партнерство на Висока школа за новинарство, заедно со непрофитното радио од Виена – Оранџ ФМ и студентското радио од Сараево – еФМ. Во текот на неколку години овој проект има за цел да продуцира неколку радио емисии чии автори се студенти од трите земји и се однесуваат на теми од бившите ЈУ простори, но таргетираат млада публика.

Првата емисија е посветена на човековите права и етичките стандари кои треба да бидат запазени во медиумското покривање.