The Killers доаѓаат на Exit

Еден од најголемите бендови на денешницата „The Killers“, ќе настапи во среда, 5-ти јули, на ткн. „нулти ден“ на овогодишниот Exit фестивал.

Организаторите го најавуваат ова како дел од Get EXITed, специјалниот настан во чии рамки и Роби Вилијамс пред две години настапуваше пред повеќе од 33.000 луѓе на Ушче.

„The Killers“ објавија четири бр.1 албуми и добитници на дури девет престижни награди за најдобар светски рок бенд. Тие доаѓаат на Петроварадинската тврдина во рамки на ексклузивната турнеја на која ќе настапат во вкупно десетина земји меѓу кои се С.А.Д., Велика Британија, Шпанија и Србија.

The Killers изминатите неколку години беа апсолутни хедлајнери на гигантските фестивали како што се Glastonbury, Coachella, Lollapalooza, Rock am Ring и други, освојувајќи при тоа и награда за најдобар фестивалски хедлајнер и најдобар бенд во живо. Поради сето ова, се очекува дека во Нови Сад овој јули ќе дојдат уште поголем број посетители од целиот свет на спектакуларната увертира за четири дена и ноќи на овогодишниот EXIT фестивал.

Четворката од Лас Вегас на тврдината премиерно ќе отсвири дел од песните од новиот, петти студиски албум кој ни доаѓа ова лето. Како и на сите нивни големи концерти, сет листата ќе ги содржи и бројните најголеми хитови како што се „Mr. Brightside“, „Somebody Told Me“, „Human“, „Read My Mind“, „When You Were Young“, „Runaways“ и бројни други од импресивната листа на песни кои веќе скоро 15 години не се симнуваат од емитување на радијата и телевизиите.

„The Killers“ го освоија светот со својот првенец „Hot Fuss“ (2004), кој стана и еден од најпродаваните албуми на деценијата и еден од најголемите деби албуми по мислење на магазинот Rolling Stone. И следните три албуми, „Sam’s Town“ (2006), „Day & Age“ (2008) и „Battle Born“ (2012), се исполнети со хитови, кои го одведоа бендот до самиот врв на светските топ листи, продавајќи десетици милиони примероци покрај спотовите кои ги паметат цели генерации.

Тие се оформени во 2001 година, откако основачот и пејач на групата Brandon Flowers, фасциниран од концертот на групата Oasis и настапот на Лијам Галагер решил да постави оглас во локалните весници барајќи ги останатите членови за бендот. Четворката набргу се собира во сегашниот состав во кој покрај Flowers, членуваат и гитаристот Dave Keuning, басистот Mark Stoermer и тапанарот Ronnie Vanucci. Влијателниот магазин NME им додели дури четири награди за најдобар светски бенд, покрај уште шест номинации во истата категорија, што е своевиден рекорд бидејќи и Foo Fighters кои се веднаш зад нив имаат дури двојно помалку!Во 2013 година, кога Arctic Monkeys и Ролинг Стоунс беа хедлајнери на Гластонбери, а Muse и Depeche Mode беа на последните големи турнеи, пред сите нив публиката ги изгласа „The Killers“ за најдобар бенд во живо.

Влезниците за новиот Get EXITed спектакл со „The Killers“ ќе бидат пуштени во продажба на 13-ти март, точно напладне, и тоа секаде ширум светот по првите и најповолни подарок цени од само 1650 денари за партер, 2950 денари за многу лимитираниот фан-пит и 6550 денари за ВИП платформата. Купувачите на четиридневните EXIT влезници или комплетите EXIT Авантура и EXIT Summer of Love ќе имаат специјална прилика својот Get EXITed додадок, кој оди во пар со купена EXIT влезница и овозможува влез во партер зоната, да го купат по привилегирана цена од само 999 денари. Бројот на овие додатоци е многу ограничен. Во Македонија влезниците се продаваат преку МКтикетс и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат).