Телма: Седум пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ учествувале во отворањето на собраниската врата

Седум пратеници од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ знаеле или учествувале во отварањето на главната врата на Собранието за демонстрантите на 27-ми април – покажуваат снимките до кои дојде Телма, објавија од телевизијата.

Во целата акција за влез во Собранието, според извори од Телма, учествувале вработени од Агенцијата за разузнавање, АРМ и УБК.

„На снимките се гледа како дел од пратениците ги насочуваат демонстрантите во различни насоки во Парламентот откако пратениците Василевски и Мукоски ја отвараат вратата. Топ Тема на Ваша Страна истражуваше и ги има снимките за дел од лицата кои од надворешна страна се обидуваат насилно да влезат, а се вработени или во УБК или во АРМ“, објавија од Телма.