Технологија со вештачка интелигенција напиша песна инспирирана од стилот на Битлси

Лабораторијата за истражување на Sony CSL наредната година ќе објави албум со песни, напишани исклучиво од систем со вештачка интелигенција.

Досега, објавена е една песна, именувана Daddy’s Car, инспирирана од музиката на Битлси. Песната е напишана од технологијата со вештачка интелигенција, а склопена од францускиот композитор Беноа Каре. Каре ги напишал и текстот и аранжманот за песната.