TED настан: Живеење среќен живот – Предизвик на модерното време?

Во среда ќе се одржи четвртиот од предвидените шест TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настани на тема  „Живеење среќен живот – Предизвик на модерното време?” (“Living a happy life: The challenge of today?”), во просториите на ФИНКИ, односно во Регионалниот центар за социјални иновации на ФИНКИ, во Скопје. Настанот е предводен од страна на група волонтери и на него ќе се прикажат два говори, проследени со панел дискусија.

„Живеејќи во време на брз развој, глобализација и технологија, се наоѓаме во ситуација во која постојано трчаме некаде, обидувајќи се да оствариме повеќе, да заработиме повеќе, да направиме повеќе. И поради тоа понекогаш забораваме да живееме во моментот и да се потсетиме што Нас не’ прави среќни и не’ одржува здрави. А што е поважно во нашиот живот од нашата среќа и здравје? Бидејќи голем дел од нас, не само во Македонија туку и во светот забораваме што е тоа што не прави среќни, четвртиот од серијата шест TED настани под назанака TEDxSeptemvriskaSesijaSalon ќе го посветиме токму на темата “Живеење среќен живот – Предизвик на модерното време?”, велат организаторите.

Целта на настанот е да се поттикне елементот на преиспитување кај граѓаните за начинот на кој живеат, и да размислат за тоа дали живеат среќен живот. Идејата е споделување на информации, идеи и заедничко едуцирање на полињата емоции и емоционална интелегенција, личен развој и слично.

Настанот ќе започне во 19 часот, и е лиценциран од страна на TED. Повеќе детали во однос на гостите, локацијата и деталите може да се најдат на нивниот официјален Facebook настан, или пак, Facebook страна.

За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар. Учеството на настанот е бесплатно, но бројот на учесници кои ќе бидат селектирани е ограничен на 25. Крајниот рок за аплицирање е 02 мај 2016, 12:00 часот.

Поддржувачи на настанот се ФИНКИ, Social Innovation Hub, Smart Up – Creating the geeks of tomorrow, Бизнис Академија Смилевски – БАС.