Театарот за деца и младинци со две награди од фестивал во Подгорица

Театарот за деца и младинци (ТДМ), за претставата „Петар Пан“ во режија на Боњо Лунгов, освои две награди на 6-тиот Меѓународен фестивал на кукларство во Подгорица, соопштија од ТДМ.

Театарот освоил награда за актерско мајсторство за ликот на Ѕвончица во изведба на Татјана Кочовска-Павловска и награда за најдобра сценографија.

Шестиот Меѓународен фестивал на кукларство во Подгорица се одржа од 13-ти до 17-ти септември.