„Swans“ вечерва со концерт ќе го промовираат „The Glowing Man“

Легендарната експериментална рок група „Свонс“ (Swans) вечерва настапува во Младинскиот културен центар.  По настапот од 2015, „Свонс“ по втор пат ќе се претстави пред скопската публика, овој пат преку турата за промоција на својот последен студиски албум „The Glowing Man“.

Се работи за култен состав од њујоршката њувејв-сцена, активен од 1982 година, а претпознатлив по експерименталните и репетитивни структури и впечетливи живи настапи.

Инаку, покрај „Свонс“ во МКЦ како придружен акт ќе настапи и британската уметница Литл Ени – кантавторка, поетеса, перформанс уметник и актерка присутна на сцената од 1977 година.

Концертите во Младинскиот културен центар се најавени од 21 часот.