Свештеници што шизат станаа хит на интернет

Видеоснимка од двајца американски свештеници како шизат стана хит на интернет. Свештениците отишле во Рим да студираат. Очигледно, тие ги следат чекорите на калуѓерката која неодамна ја освои публиката на талент шоуто „Глас“ и си замина со потпишан договор.

Свештеници како шизат стана хит на интернет

Свештениците Дејвид Рајдер и Џон Гибсон, за првпат се стекнаа со интернет славата кога беа снимени во април за време на настан на кој се собираа хуманитарни средства на колеџот во Северна Америка.

Додека Рајдер ја загрева публиката, Гибсон внесува динамика со својот брз Ирски танц. Видеото досега има 260 000 прегледи.

Сепак, покрај нивната слава стигнаа и критиките. Некои коментари велат дека срамно е тоа што свештениците танцувале под сликата на папата Франциско и распетието.

На ова, свештениците ја цитираат Библијата во делот каде „Господ ни вели да живееме среќно“.

Извор: Yahoo