Судска расправа: Злосторство на молчењето

Симболичкиот суд на правда на граѓанското општество – Tribunus Civilis, го организира третиот настан, или судската расправа посветена на темата „Злосторство на молчењето“, со цел да се посочат и посведочат сите состојби кои го овозможија развивањето на автократскиот систем во Република Македонија.

На судската расправа ќе учествуваат Љубомир Фрчкоски, Уранија Пировска, Ана Чупеска, Наталија Поповска, Слободан Унковски, Стево Пендаровски, Маја Стевановиќ, Бранко Геровски.

На овој настан на Tribunus Civilis, ќе учествуваат и меѓународни поддржувачи и пријатели на Судот како Питер Ванхауте, Звонимир Мишковиќ, Ерван Фуере и Лод Ваност.

Раправата ќе се одржи утре (4 мај), во Кино „Култура“, од 11 часот. Во прилог, целосната агенда за настанот: