Студентски пленум со солидарна акција за поплавените региони

Студентски пленум утре (петок, 06.02) со почеток во 10 часот, организира солидарна акција која ќе се одвива на Улица Македонија, кај споменикот на Мајка Тереза за поплавените региони во земјата.

„Сочувствуваме со семејствата чии што домови беа поплавени, семејства кои што најверојатно нема да може да заработат за леб поради поплавените земјоделски поседи, оние на кои животот им е загрозен. Студентскиот пленум Ве повикува да се солидаризираме со настраданите семејства од поплавените региони во нашата држава“, велат од пленумот.

Продукти кои се најпотребни за донација се: вода, средства за хигиена, конзервирана храна, чорапи и облека и ќебиња.

Студентите ги повикаа сите нивни колеги, професори, граѓани и компании да се солидаризираат и да одвојат средства со цел да им се помогне на настраданите сограѓани во поплавите кои ја зафатија Македонија.