„Студентски пленум“ на „Илинденска“ бб во кичевско Другово

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • На само еден километар оддалеченост од Кичево, градот кој лежи под падините на планината Бистра, се наоѓа село Другово. Тоа до 2013 година било седиште на истоимената општина, а денес, иако изгледа напуштено, е седиште на второто здружение наречено „Студентски пленум“, кое има за цел да се бори и да ги брани студентските права.

    Поглед кон село Другово

    Студентски пленум – ова име на  јавноста ѝ е познато по студентската иницијатива која во 2014 година се покрена како резултат на револтот против воведувањето на државен испит во високото образование. Таа и денес делува, но оваа иницијатива, со хоризонтална поставеност кога е во прашање донесувањето на одлуки, не прерасна во формално здружение, или пак, организација.

    Сепак, некој друг решил да го официјализира нејзиното име и тоа преку две здруженија, едно во Скопје, а другото токму во Кичево.

    Радио МОФ на почетокот на декември пишуваше за здружението во Скопје, или според актот на основање, именувано како Здружение за одбрана и заштита на студентските права „Студентски пленум“.

    При посета на адресата која беше наведена во документите од Централен регистар, претходно обелоденета од автентичната иницијатива, утврдивме дека тоа е домот на Цветанка Василева, или една од наведените основачи на здружението. Нејзината мајка, која нè пречека тој ден, за Радио МОФ рече дека не била информирана за овој потег на својата ќерка. Иако ни вети дека ќе разговара со неа и ќе нè контактира за подетални информации, тоа до денес не се случи.

    Здружението Студентски пленум во Скопје регистрирано во домот на еден од основачите, без знаење на семејството

    Ова беше доволен мотив да го посетиме и другото здружение, кое го има истиот претседател, односно Дејан Миновски, студент на Градежниот факултет во Скопје.

    Здружението „Студентски пленум“ на „Илинденска“ бб

    Пропатувавме 113 километри од Скопје до село Другово, со надеж дека ќе ни се посреќи и ќе го најдеме Миновски, или барем некој од основачите кој ќе може да ни објасни за идејата и целите на здруженијата, но и да ни одговори зошто тие се именувани како веќе постоечката инцијатива.

    Во потрагата ни помогна Љупчо, локален таксист. Иако се пофали дека ги знае сите во Кичево, сепак, и за него претставуваше предизвик да го најде седиштето на здружението.

    Според документите од Централен регистар, кичевското здружение се води на адресата „Илинденска бр. ББ“, една од вкупно двете главни улици. Сепак, името на улицата не беше доволен фактор за да го најдеме седиштето, па продолживме да ја бараме куќата на фамилија Миновски.

    Во моментот кога за малку ќе се откажевме од потрагата нè пресретна еден од жителите кој се погоди да се презива исто Миновски, но тој немаше ниту син, ниту пак внук по име Дејан, како што се вика и претседателот на здруженијата. Тој нè упати кон куќата на другата фамилија Миновски, каде ни потврдија дека тоа е куќата што ја баравме утрото.

    Во дворот нè пречека член на фамилијата. Ни кажа дека Дејан веќе се вратил во Скопје за да ги следи своите предавања. Иако се претставивме од кој медиум сме и зошто го бараме, жената не сакаше да ни го даде неговиот телефонски број, велејќи дека тоа е приватна работа. Одбегнуваше разговор со нас, но нејзиниот одговор на прашањето дали е запознаена дека на нивната адреса Дејан регистрирал здружение беше:

    „Не знам, тој си е полнолетен. Може што сака да си прави, јас не можам сметка да му водам“.

    Таа не сакаше да каже дали тој имал согласност од нив да го регистрира нивниот објект како седиште на здружението.

    Откако нашиот кус разговор заврши, повторно се обидовме да го добиеме Миновски на телефонскиот број што го имавме, но тој не се одзва на нашите повици.

    Доволно е само да се наведе адресата при регистрирање на здружение

    Според информациите, достапни на веб-страницата на Централен регистар, процесот на основање здружение или невладина организација е прилично едноставна постапка. Во потребните документи за запишување во Регистарот не е наведена согласност, или пак, имотен лист од сопственикот на објектот кој служи како седиште на здружението. Ова отвора можност буквално секое полнолетно лице да формира здружение на некоја адреса, без дозвола од лицето кое живее таму.

    Правните лица со кои се консултиравме велат дека фактот што Василева и Миновски ги регистрирале здруженијата во своите домови без знаење на семејството, технички, не е проблем. Но, затоа според нив, Централен регистар треба да спроведува сопствена истрага во вакви случаи за да се избегнат злоупотреби.

    Се обративме и до Регистарот, но до објавувањето на текстот не добивме одговор на нашите прашања, иако наведовме краен рок, како што ни побараа.

    Двете здруженија, според податоците, биле формирани во средината на септември. Покрај Миновски и Василева, како основачи на здружението во Скопје се појавуваат и Сара Лазарова, Дени Василевски и Филип Даневски. Овој состав е речиси идентичен и во здружението во Кичево, но таму, наместо Лазарова, како еден од основачите е именуван Ацо Чутревски.

    Студентски пленум: Претседателот и дел од основачите се членови на СПУКМ

    Информацијата за регистрираните здруженија први ја дознаа членовите на неформалниот Пленум, откако анонимно лице им пишало на нивната Фејбук страница.

    „Во првиот момент мислевме дека е лажна информација, но откако проверивме на веб-страницата на Централен регистер дека Студентски пленум е активно ни стана сомнително. Затоа, отидовме до Регистарот и ги извадиме сите документи. Увидовме дека се регистрирани две здруженија“, ни објасни студентката Деа Здравковска, член на иницијативата.

    Таа вели дека тие никогаш не биле контактирани од основачите и претседателот на здруженијата, а ниту пак им биле познати се до моментот кога не забележале дека дел од нив се членови на Студентскиот парламент на УКИМ. Здравковска уверува дека членовите на иницијативата решиле Студентски пленум да остане само движење.

    „Доколку би го сретнале претседателот, прво би му честитале што се потруди да го уништи единственото студентско движење. Прашања не би поставувале бидејки нивната цел е јасна. Замолчување на Студентски пленум, но тој како неформална студентска иницијатива нема да престане да постои. Тој секогаш ке биде тука и за идните генерации кои ќе се сочуваат со проблеми. На крајот од денот, идејата не може да се убие“, подвлече таа.

    За случајот го побаравме и актуелниот претседател на СПУКМ, Давор Поповски, но ниту тој не крена на нашите повици.

    Она што е сомнително во целата приказна е тоа што од никаде, без никаква аргументација зошто, се основани не едно, туку две здруженија со име Студентски пленум. Тие навидум се залагаат за истите работи како неформалната иницијатива, односно: организација на јавни настани со цел запознавање на пошироката јавност со работата на Студентски пленум и актуелизирања на прашања од областа на високото образование, студентскиот стандард и слично, остварување соработка со сите релевантни институции во државата и странство, како и учество во реформите на сите сфери на образовниот систем на Р. Македонија.

    Но, претседателот и основачите веќе четири месеци од формирањето ги нема во јавноста да се претстават и да информираат за нивните идни активности.

    Емилија Петреска

  • “Plenumi studentor” në ”Ilindenska” pa numër në Drugovë të Kërçovës

    Në vetëm një kilometër larg nga Kërçova, qyteti që shtrohet nën shpatet e malit Bisera, ndodhet fshati Drugovë.  Në vitin 2013, ky fshat ishte seli e komunës me emër të njëjtë, ndërsa sot edhe duket se është lënë pas dore, është selia e shoqatës së sytë të quajtur “Plenumi studentor”, i cili ka për qëllim të luftojë për të drejtat dhe ti mbrojë të drejtat e studentëve.

    Pamje kah fshati Drugovë

    Plenumi studentor – ky emër në publik u bë i njohur pas iniciativës studentore e cila u iniciua në vitin 2014 si rezultat i revoltës kundër vendosjes së provimit shtetëror në arsimin e lartë.  Ajo edhe sot vepron, por kjo iniciativë, me shtrirje horizontale kur është në pyetje marrja e vendimeve, nuk u shndërrua në shoqatë formale, ose në organizatë.

    Megjithatë, dikush tjetër ka vendosur të zyrtarizojë emrin nëpërmjet dy shoqatave, një në Shkup dhe tjetra pikërisht në Kërçovë.

    Radio MOF në fillim të muajit dhjetor raportoi për shoqatën në Shkup, ose sipas aktit të themelimit, e emëruar si Shoqata për mbrojtjen dhe ruajtjen e të drejtave studentore “Plenumi studentor”.

    Gjatë vizitës së adresës e cila ishte shënuar në dokumentet e Regjistrit qendror, paraprakisht të publikuar nga iniciativa autentike, konstatuam se bëhet fjalë për shtëpinë e Cvetanka Vasileva, ose një nga themeluesit e regjistruat të shoqatës.  Nëna e saj, e cila na priti atë ditë, për Radio MOF tha se nuk ka qenë e informuar për këtë veprim të vajzës së saj. Edhe pse na premtoi se do të bisedojë me të dhe do ta na kontaktojë për informata më të hollësishme, kjo gjë deri më sot nuk ka ndodhur.

    Ky ishte motiv i mjaftueshëm ta vizitojmë edhe shoqatën tjetër, e cila ka kryetarin e njëjtë, Dejan Minovski, student në Fakultetin e Ndërtimtarisë në Shkup.

    Здружението Студентски пленум во Скопје регистрирано во домот на еден од основачите, без знаење на семејството

    Shoqata “Plenumi studentor” në “Ilindenska” pn.

    Udhëtuam 113 kilometra nga Shkupi deri në Drugovë, me shpresë se do të kemi fat dhe do të gjejmë Minovskin, ose të paktën dikë nga themeluesit i cili do të mund të na sqarojë për idenë dhe qëllimet e shoqatës, por edhe të na japë përgjigje pse ata janë emëruar si iniciativa e cila tani më ekziston.

    Në kërkimin tonë na ndihmoi Ljupço, taksist lokal.  Edhe pse u lavdërua se i di të gjithë në Kërçovë, megjithatë, edhe për të paraqiste sfidë ta gjejë selinë e shoqatës.

    Sipas dokumenteve të Regjistrit qendror, shoqata kërçovare është e regjistruar në adresën “Ilindenska pn.“, një nga gjithsej dy rrugët kryesore.  Megjithatë, emri i rrugës nuk ishte faktor i mjaftueshëm për ta gjetur selinë, dhe vazhduam ta kërkojmë shtëpinë e familjes Minovski.

    Në momentin kur për pak do të hiqnim dorë nga kërkimi na takoi një nga banorët i cili u qëllua me mbiemrin e njëjtë Minovski, por ai nuk kishte as djalë, as nip me emrin Dejan, siç quhet kryetari i shoqatës.  Ai na udhëzoi drejt shtëpisë së familjes tjetër Minovski, ku na konfirmuan se ajo është shtëpia që e kërkonim atë mëngjes.

    Në oborr na priti anëtar i familjes.  Na tha se Dejani tani më është kthyer në Shkup që të ndjekë ligjëratat e tij.  Edhe pse u prezantuam gazetarë të cilës media jemi dhe pse e kërkojmë, gruaja nuk donte të na e japë numrin e tij të telefonit, duke na thënë se është punë private.  Evitonte të bisedojë me ne, por përgjigjja e saj në pyetjen nëse është e njoftuar se në adresën e tyre Dejani ka regjistruar shoqatë ajo tha:

    “Nuk e di atë është person i rritur. Mund të bëjë çfarë të dojë, unë nuk mund ti mbaj llogari”.

    Ajo nuk donte të tregojë nëse ai ka pëlqim prej tyre që të regjistrojë objektin si selinë e shoqatës.

    Mbasi përfundoi biseda jonë e shkurtë, përsëri u përpoqëm të marrim numrin e telefonit të Minovskit, të cilin e kishim, por ai nuk iu përgjigj thirrjeve tona.

    Mjafton vetëm të shënohet adresa gjatë regjistrimit të shoqatës

    Megjithatë informatat, të qasshme në ueb faqen e Regjistrit Qendror, procesi i themelimit të shoqatës ose organizatës jo qeveritare është procedurë mjaft e thjeshtë. Në dokumentet e nevojshme për regjistrim në Regjistër nuk është shënuar pëlqimi, ose lista pronësore e pronarit të objektit i cili shërben si seli e shoqatës.  Kjo hap mundësi tekstualisht çdo person i rritur të formojë shoqatë në ndonjë adresë, pa lejen e personit i cili jeton atje.

    Personat juridik me të cilët u konsultuam thonë se fakti që Vasileva dhe Minovski i kanë regjistruar shoqatat në shtëpitë e tyre pa dijen e familjes, teknikisht, nuk paraqet problem.  Por, prandaj, sipas tyre, Regjistri qendror duhet të zbatojë hetimin e tij në raste të këtilla që të evitohen keqpërdorime.

    U drejtuam edhe te Regjistri qendror por deri në momentin e publikimit të tekstit nuk morëm përgjigje në lidhje me pyetjet tona, edhe pse vendosëm afatin përfundimtar, siç kërkuan ata.

    Të dy shoqatat, sipas të dhënave, janë formuar në mes të muajit shtator.  Përpos Minovskit, si themelues i shoqatës në Shkup paraqiten edhe Sara Lazarova, Cvetanka Vasileva, Deni Vasilevski dhe Filip Danevski.  Kjo përbërje pothuajse është identike edhe në shoqatën e Kërçovës, por atje, në vend të Lazarova, si një nga themeluesit është emëruar Aco Çutrevski.

    Plenumi studentor: Kryetari është pjesë e themeluesve të PSUKM

    Informatën për regjistrimin e shoqatave të parët e kuptuan anëtarët e Plenumit jo formal, mbasi person anonim ju ka shkruar në fejsbuk faqen e tyre.

    “Në çastin e parë menduam se është informatë e rrejshme, por pasi kontrolluam në ueb faqen e Regjistrit qendror se Plenumi studentor është aktiv atëherë na u bë e qartë. Prandaj, shkuam te Regjistri dhe i nxorëm të gjitha dokumentet.  Pamë se janë regjistruar dy shoqata”, na sqaroi studentja Dea Zdravkovska, anëtare e iniciativës.

    Ajo thotë se ata asnjëherë nuk kanë qenë të kontaktuar nga themeluesit dhe kryetari i shoqatës, as që dinin për ata deri në momentin kur nuk kanë vërejtur se një pjesë e tyre janë anëtarë të Parlamentit Studentor të UKM. Zdravkovska  thotë se anëtarët e iniciativës kanë vendosur Plenumi studentor të ngelë vetëm lëvizje.

    ” Nëse do ta takojë kryetarin fillimisht do ti uronte që është përpjekur të shkatërrojë lëvizjen e vetme studentore.  Pyetje nuk do të shtronim sepse qëllimi i tyre është i qartë.  Heshtja e Plenumit studentor, por ai si iniciativë studentore jo formale nuk do të pushojë të ekzistojë.  Ai çdo herë do të jetë aty edhe për gjeneratat e ardhshme të cilat do të përballen me probleme. Në fund të ditës, ideja nuk mund të vritet”, theksoi ajo.

    Për rastin e kërkuam edhe kryetarin aktual të PSUKM, Davor Popovski, por as ai nuk iu përgjigj thirrjeve tona telefonike.

    Ajo që është e dyshimtë në të gjithë këtë tregim është se askund, pa asnjë argument, pse, janë themeluar jo një, por dy shoqata me emrin Plenumi studentor.  Ata kinse angazhohen për të njëjtat çështje si iniciativë jo formale, respektivisht: organizimi i evenimenteve publike me qëllim njohjen e publikut më të gjerë me punën  e Plenumit Studentor dhe aktualizimin e çështjeve nga fusha e arsimit të lartë, standardin studentor dhe ngjashëm, realizimin e bashkëpunimit me të gjitha institucionet relevante në vend dhe jashtë vendit, si dhe pjesëmarrje në reformat në të gjitha fushat e sistemit arsimor në R. e Maqedonisë.

    Por, kryetari dhe themeluesi tani më katër muaj nga formimi nuk janë të pranishëm në publik të prezantohen dhe të informojnë në lidhje me aktivitetet e tyre të ardhshm

    E.P.

//